Кубанската глумица Ана де Армас прозборе за врската со нејзиниот поранешен партнер Бен Афлек и рече дека тоа за неа било трауматично искуство. Таа објасни дека двајцата немале мир и дека речиси во ниту еден момент немале никаква приватност.
„Бен и јас немавме нималку мир. Новинарите и папараците не следеа во секој чекор, дури и кога ќе излеговме да ги шетаме кучињата. За мене тоа беше толку трауматично што по нашето прекинување се преселив од Лос Анџелес во Њујорк. Тука имам многу поголема приватност“, рече Армас, која со Бен мина година дена во врска.
Двајцата се запознаа на снимањето на филмот Deep Water, во кој Бен глуми моќен и богат сопруг, кој на својата партнерка ѝ дозволува љубовни излети за да избегне развод. Недолто потоа се заљубиле.
Бен ја запозна Ана и со неговите три деца од бракот со Џенифер Гарнер, но по година дена прекинаа наводно поради различните погледи на иднината. Ана се повлече и од социјалните мрежи за да може приватниот живот да го задржи за себе.
„Пред година дена го избришав профилот на „Твитер“, а не објавував ниту на ‘Инстаграм’“, рече глумицата, која сега е во врска со потпретседателот на „Тинтер“, Пол Бокадакисон.