По 33 години брак Бајага се разведува со сопругата Емилија

По 33 години брак Бајага се разведува со сопругата Емилија

пред 2 години

По 33 години брак се разведуваат Момчило Бајагиќ- Бајага и неговата сопруга Емилија, пишуват српските медиуми. Тие последен пат беа видени заедно во јавноста во 2019 година. Емилија беше најзаслужна за неговата кариера, но Бајага, ретко зборуваше за приватниот живот.

dobivaj vesti na viber

“Едноставно повеќе не можеше. Сфатија дека е најдобро да се разделат.  Долго време немаше искри меѓу нив, но одржуваа хармоничен однос поради децата. Немаше кавга или лоши зборови, туку се работеше за презаситеност. Тие не сакаа тоа медиумски да биде објавено заради децата и многу брзо се договорија за разводот“, кажале блиски на Бајага, а пренсува српски Објектив. 

Се запознале во автобус и се венчале во 1989 година. Нивниот брак траеше три децении, а двојката има две деца, синот Марко и ќерката Ангела. 

Бајага кој важи за еден од најголмите кантавтори и музичари во екс Југославија, неодамна се најде во  центарот на скандал поради колега кој го обвини за употреба на наркотици. 

Лани во септември на стадионот АРМ имаше славенички концерт во Скопје за 35 години откако е со бендот на сцената. Тогаш пред настапот рече: „Ние сме како ‘Политикин забавник’, од 7 до 77 сите слушаат песни на Бајага“.

Share
Scroll to Top