Бијонсе направи профил на Тик Ток, за три дена собра 3,8 милиони следбеници

Бијонсе направи профил на Тик Ток, за три дена собра 3,8 милиони следбеници

пред 2 години

Пејачката Бијонсе се придружи на популарната социјална платформа Тик Ток и го објави нејзиното прво видео. Во видеото, нејзините обожаватели, вклучувајќи ја и Карди Би, може да се видат како танцуваат на нејзиниот вирален летен сингл „Break My Soul“.

dobivaj vesti na viber

Само неколку часа по објавувањето на видеото, Бијонсе имаше над 3,4 милиони следбеници, а по три дена бројката се искачи на 3,8 милиони.

За нејзиниот профил на Тик Ток, Бијонсе ја одбра насловната страница на албумот Renaissance, кој треба да излезе на 29 јули, на кој таа седи полугола качена на холограмски коњ.

Share
Scroll to Top