Крис Хемсворт одбил да јаде месо пред да ја бакне Натали Портман

Крис Хемсворт одбил да јаде месо пред да ја бакне Натали Портман

пред 2 години

Актерот Крис Хемсворт не сакал да јаде месо пред да ја бакне Натали Портман во филмот „Тор: Љубов и гром“. Портман е вегетаријанка речиси целиот живот, а во 2011 година станала веганка.

„На денот на снимањето на сцената кога требал да се случи бакнежот, Хемсворт не сакаше да јаде месо тоа утро затоа што сум веганка“, рече  Портман за време на гостувањето во емисијата UK Capital FM radio.

Со оглед на тоа дека Крис консумирал големи количини месо за време на пробата, неговиот внимателен гест уште повеќе добил на значење.

„Тоа беше толку внимателно од него. Не сакаше да ме налути и да мисли дека премногу размислувам дека јаде месо, но сакаше да биде внимателен. Едноставно е добра личност“, рече Натали, која за колегата рече дека има само пофални зборови.

За потсетување, актерката откри дека како тинејџерка во филмовите била сексуализирана. Првиот филмски настап го имала на 13 години кога ја глумеше Матилда во филмот „Леон професионалец“ од 1994 година. Рече дека тогаш сексуализацијата била нормална работа.

Дел од тоа произлегува од самите улоги и начинот на кој се напишани, а дел од пишувањето на критичарите и новинарите. Се сеќавам, имав околу 13 години и ја прочитав рецензијата за филмот во кој бев, а во неа се споменуваа моите гради“, рече Портман, која поради тоа усвоила некои одбранбени механизми, како на пример одбивање улоги кои вклучуваат секс.

Share
Scroll to Top