Не можам да си најдам работа, луѓето ме осудуваат, вели Ентони Лофредо кој се трансформираше во црн вонземјанин

Не можам да си најдам работа, луѓето ме осудуваат, вели Ентони Лофредо кој се трансформираше во црн вонземјанин

пред 2 години

Ентони Лофредо кој го трансформираше своето тело затоа што сака да биде црн вонземјанин сега се соочува со нови проблеми, не може да најде работа бидејќи луѓето го осудуваат.

dobivaj vesti na viber

За да ја оставри својата цел, извадил дел од носот, горната усна, го пресекол јазикот и целото тело го покрил со тетоважи, нарекувајќи го своето патување „Проект за црни вонземјани“.

Сите хируршки зафати ги направил во Шпанија, бидејќи се нелегални во Франција, земјата во која е роден.

“Не можам да најдам работа, ме осудуваат. Секој ден е борба бидејќи постојано се среќавам со луѓе кои не ме разбираат. Таков е животот, не секој разбира сè. Јас не разбирам многу работи и за другите луѓе“, рече тој во подкастот на Club 113.

„Не можете никого да судите. Не знаете што има нечија глава и зошто го прави тоа што го прави. Клучот е во разговорот“, додаде тој.

Тој истакна дека е нормален човек и дека сака луѓето околу него да го разберат за тоа што се одлучил да биде поразличен од другите.

Share
Scroll to Top