Оскаровката Џулијан Мур ќе биде претседател на жирито на фестивалот во Венеција

Оскаровката Џулијан Мур ќе биде претседател на жирито на фестивалот во Венеција

пред 2 години

Оскаровка Џулијан Мур ќе биде претседател на жирито на 79. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, објавија организаторите. Фестивалот ќе се одржи од 31 август до 10 септември на Лидо.

dobivaj vesti na viber

„Многу сум возбудена и ми претставува голема чест да бидам во жирито на фестивалот во Венеција. Едвај чекам“, напиша Мур на Инстаграм и се пофали дека ќе го предводи седумчленото жири во Венеција.

Покрај Мур, во жирито ќе бидат и аргентинскиот режисер Маријано Кон, Шпанецот Родриго Сорогоен, Италијанецот Леонардо ди Костанца, француската режисерка Одри Диван, иранската актерка Лејла Хатами и добитникот на Нобеловата награда за литература Казуо Ишигуро, наведоа организаторите.

Членовите на жирито ќе одлучуваат за доделувањето на наградата Златен лав за најдобар филм, како и за другите награди на овој престижен филмски фестивал. Селекцијата на филмови за фестивалот ќе биде позната на 26 јули.

Фестивалот во Венеција на својата веб-страница потсетува на истакнатата кариера на Џулијан Мур, првата Американка која, покрај Оскар, освои награди за глума на три големи фестивали, во Кан во 2014 година за „Мапи до ѕвездите“, во Берлин во 2003 година за „Часовите“ и во Венеција во 2002 година за „Далеку од рајот“.

Share
Scroll to Top