Мусети преку Алкараз до првата титула во кариерата

Мусети преку Алкараз до првата титула во кариерата

пред 2 години

Италијанецот Лоренцо Мусети е победник на АТП турнирот во Хамбург.
По голема борба и два часа и 49 минути игра, тој го совлада првиот носител, Шпанецот Карлос Алкараз со 6:4, 6:7 (6), 6:4.

Мусети во Хамбург ја освои првата титула во кариерата.

Натпреварот започна со размена на брејкови, но во седмиот гем Алкараз повторно попушти. Мусети стигна до 4:3, потоа го потврди брејкот, а таа предност му беше доволна да стигне до 6:4 по 43 минути игра.

Јасно беше дека Алкараз нема лесно да се предаде, без разлика што повторно беше деконцентриран на стартот од вториот сет.

Мусети стигна до брејк и 2:0, успеа да ја задржи таа предност, во осмиот гем спаси три брејк топки и водеше со 5:3 и тука застана.

Во десеттиот гем при 5:4, Италијанецот сервираше за меч, имаше две топки за победа, но Алкараз брилијантно се извлече, ги одбрани, а потоа изедначи на 5:5.

Ниту тука не завршија возбудувањата, Мусети имаше нови три меч топки во тајбрејкот, водеше со 6:3, но Алкараз успеа повторно да се извлече, да освои пет поени во низа и да го реши тајбрејкот со 8:6. .

Во решавачкиот сет Музети не искористи брејк топка во шестиот гем, но затоа беше сконцентриран на крајот, во последниот гем.

Овојпат му беше доволна една меч поен, шеста на мечот, ја искористи и оствари голем триумф.

Од понеделник Мусети ќе направи голем скок на АТП листата, 62. на 31. позиција, додека Алкараз ќе биде петти.

Share
Scroll to Top