Актерот Дејвид Ворнер, познат по улогата на негативец во филмот „Титаник“, почина на 80-годишна возраст.
Инфромацијата за смртта на актерот кој го играше Спајсер Лавџој во блокбастерот Титаник, а беше познат и по улоги во други филмови, веќе година и пол се борел со ракот, ја потврдило неговото семејство.
„Тој многу ќе ни недостига на нас, семејството и пријателите и ќе остане запаметен како човек со големо срце, дарежлив и сочувствителен партнер и татко, чие наследство, неговата исклучителна работа, ги допре животите на многумина низ годините. Нашите срца се скршени“, се вели во соопштението од семејството.
Дејвид Ворнер се школувал на Кралската академија за драмска уметност, кариерата на актерот на малите екрани ја започна во 1962 година со улогите во филмовите „Се приклучивме на морнарицата“ и „Појадокот на кралот“. Неговата кариера доби голем поттик во 1966 година кога ја доби главната улога во Морган: Кејс фор да Кјур, покрај Ванеса Редгрејв.