Aктерката Шерон Стоун сподели фотографија на социјалните мрежи во костим за капење. Фановите коментираат дека иако актерката има 64 години таа изгледа одлично.
„Благодарно несовршена на овој совршен ден“, напиша Стоун.
Истиот ден Шерон објави фотографија од нејзиниот син, кој го посвои во 2000 година додека беше во брак со Фил Бронштајн.
Покрај завидната кариера која ја изгради во Холивуд, таа еднаш призна дека мајчинството е нејзиниот најголем успех во животот.
„Најмногу сум горда на себе затоа што сум мајка. Без разлика колку лоши ситуации имаше во мојот живот, секогаш наоѓав сила да останам добра мајка на моите деца“, изјави таа во интервју за магазинот „Ин стајл“.
Шерон претрпе девет спонтани абортуси поради автоимуна болест и ендометриоза. Сепак, таа успеа да стане мајка посвојувајќи три сина, Квин Кели, Лерд Вон и Роан Џозеф.
„Секогаш ги потсетувам моите синови дека ќе имаат многу пријатели во животот, но дека нивното семејство е таму засекогаш. Можеби не секогаш зборувате, но и тогаш ќе се сакате. А кога ќе ти треба некој, ќе се јавиш на семејството“, рече таа.