Џејсон Момоа доживеал сообраќајна несреќа

Џејсон Момоа доживеал сообраќајна несреќа

пред 4 години

Ѕвездата од „Аквамен“, Џејсон Момоа предизвикал сообраќајка. Во неделата се удрил во 21 годишен мотоциклист, кој преминал во спротивна лента на кривината на патот Old Topanga Canyon Road во Калабасас, Калифорнија, пренесе TMZ.

dobivaj vesti na viber

Како пренесоа медиумите, мотоциклистот ја преминал двојната жолта линија и предизвикал контакт со левиот преден дел од автомобилот на Момоа, доволно за да падне.

Возачот удрил во ветробранското стакло на автомобилот на глумецот, но сепак успеал да падне на нозе. На видео снимката од несреќата која ја поседува TMZ, се гледа и возилото на итна помош и повеќе мотоциклисто на лице место. Момоа се вратил во своето возило неповреден.

Според информациите нема повредени во несреќата. Мотоциклистот бил однесен во блиската болница со полесни повреди. Се здобил само со модрица на ногата и повреда на палецот, пренесе People.

Share
Scroll to Top