Американската актерка Ешли Џад откри дека го запознала својот силувач неколку години по нападот. Таа била силувана во 1999 година, а подоцна сакала да разговара со силувачот за исцелување. Во текот на животот била силувана три пати. Денес, таа се обидува им биде поддршка на жените кои што го поминале истото како и таа.
„Завршивме на лулашките и седевме заедно покрај потокот. Ме интересираше приказната со која тој се занимава сите овие години. Имавме разговор за правдата“, рече Ешли во подкастот на Дејвид Кеслер.
Таа нагласи дека не и треба искупување од силувачот.
„Имав можност да работам на мојата траума, тага и исцелување. Работев на промена на сопствената свест и се поврзав со жени кои минуваа низ истото“, рече Џад.
Се залага за правото на абортус. Денес, Ешли се труди да ги поттикне жените кои го поминале она низ што таа поминала и сака да им помогне да научат да заздравуваат од траума. Таа се залага за право на абортус, бидејќи нападот кој го доживеала довел до нејзина бременост. Таа зборуваше и на конференцијата „Жените во светот“ која ја модерираше Кејти Курик. Ешли тогаш изјави дека доколку ја донела одлуката да го задржи детето, државата ќе му доделела старателство на таткото.
„Она за што сакам да зборувам е моето лично искуство со спонтан абортус, бидејќи, како што сите знаат, и јас сум многу отворена за тоа, преживеав силување три пати. Еден од тие три пати зачнав и многу сум благодарна што имав пристап до безбеден и легален абортус“, раскажала актерката.