Француската ревиера рај за богатите и славните, Сен Тропе хит летна дестинација

Француската ревиера рај за богатите и славните, Сен Тропе хит летна дестинација

пред 2 години

Француското одморалиште Сен Тропе важи за дестинација на богатите во целиот свет. Уште во месец мај ова одморалиште го посети Бруклин бекам и неговата жена Никол Пелц. Ова за нив беше мини меден месец.

Набргу по нив, вработени фоторепортери, кои секое лето имаат многу работа на оваа локација, го фотографираа шведското кралско семејство на луксузниот брод. Кралот Густаф и кралицата Силва, како и нивниот син, принцот Карл Филип, неговата сопруга, принцезата Софија и децата.

На ова популарно летувалиште забележан е и американскиот музичар и актер Џаред Лето.

Ѕвездите таму, освен шетањето низ градот, кој нуди бројни дизајнерски продавници и ресторани, може да се забавуваат во култниот клуб на плажа со дневна и ноќна забава.

Поранешната манекенка Криси Тајген не го пропушти шопингот во Сен Тропе, а летово таа се одмара заедно со сопругот Џон Леџенд.

Крис Џенер моментално ужива на огромна јахта закотвена на пристаништето во Сен Тропе, а секој слободен момент го користи да трча на плажа.

Актерот Леонардо ди Каприо и неговата девојка Камила Мороне пред неколку дена пристигнаа во Сент Тропе, а Кејт Мос редовно ја посетува оваа атрактивна летна дестинација. Оваа сезона Адриен Броди беше виден со својата девојка Џорџина Чепмен, поранешната сопруга на Харви Вајнштајн, со која славниот актер е во врска речиси три години.

Share
Scroll to Top