post-image

Седумте најголеми лаги во историјата во кои никој повеќе не верува

пред 2 години

За некои од седумте најголеми лаги сте слушнале и по неколкупати во различни верзии, а веруваме дека ќе се изненадите што некои светски вистини всушност и не се вистини. Некои луѓе го посветуваат целиот живот истражувајќи го минатото. Од легендата за Џорџ Вашингтон до египетските мумии, без оглед на која тема се работи, секој сака да научи нешто за минатото. Тешко е да се утврди дали некој историски податок е вистина. Ви ги претставуваме седумте најголеми лаги кои ни ги говореле низ годините.

Кристофер Колумбо ја открил Америка

Во текот на многу години луѓето учеле дека Кристофер Колумбо ја открил Америка во 1492 година. Ова всушност е лага. Вистината е дека Америка ја населиле номадски племиња кои преминале преку Беринговиот копнен мост меѓу Сибир и Аљаска, илјадници години претходно. Постојат докази дека набрзо потоа стигнале и викинзите. Ако ништо друго, неговото патување довело до колонизација и освојување на домородците.

Викинзите и шлемовите со рогови

Кога размислуваме за викинзите обично замислуваме како носат шлемови со рогови, зарем не? Но, тие се само модерен мит и уметнички приказ. Шлемовите со рогови постоеле илјадници години претходно, во бронзената доба и се користеле во верски обреди и ритуали.

Оклопите и средновековните витези

Многу од нас ги интересира учење на средновековната историја. Слушнавме многу за тоа како оклопите на тогашните витези биле исклучително тешки, но дали навистина е така? Воопшто не биле тешки. Имале меѓу 13 и 22 килограми. Прилично смешно кога знаеме дека овој вид оклоп се смета за најтежок од сите.

Стоухенџ

Стоунхенџ е една од најголемите антички мистерии и датира од пред повеќе од 4000 години, но дали е навистина така? Мистеријата за тоа како камењата всушност завршиле таму е на прво место, но сомнително е и дали биле во иста положба како денеска

Ван Гог

Сите сме учеле дека прочуениот сликар Ван Гог си го отсекол увото откако го оставила љубовницата и потоа ѝ го испратил. Сепак, ова не е точно. По разгледувањето на многу од списите, многу веројатно е дека Ван Гог и неговиот пријател премногу испиле, па потоа следел масакрот. А на крај, ѝ го испратил на сопругата во барот.

Носот на сфингата во Гиза

Како сфингата во Гиза го изгубила носот? Многумина веруваат дека Наполеон го уништил. Но, носот исчезнал со векови пред тој воопшто да биде роден. Всушност носот  ѝ го уништил верскиот лидер Мухамед Ал-Са’им Ад-Дахр кога видел дека луѓето ја обожаваат сфингата.

Британците доаѓаат, Британците доаѓаат!

Сите знаеме за прочуените зборови на Пол Ревер: „Британците доаѓаат! Британците доаѓаат!“ кои ги кажал додека  јавал коњ. Всушност, тој ова никогаш не го рекол. Немал потреба од тоа, но вака приказната звучи повеќе патриотски.

Share
Scroll to Top