Моника Левински побара од Бијонсе да отстрани стихови од песна во која пее за аферата со Бил Клинтон

Моника Левински побара од Бијонсе да отстрани стихови од песна во која пее за аферата со Бил Клинтон

пред 2 години

Поранешната соработничка на некогашниот американски претседател Бил Клинтон, Моника Левински, побара од пејачката Бијонсе да ги отстрани стиховите во песната Partition од 2013 година. Бијонсе во оваа песна пее за аферата меѓу неа и Клинтон.

dobivaj vesti na viber

Скандалот се случи во периодот меѓу 1995 и 1997 година додека 22-годишната Левински работеше како приправничка во Белата куќа.

Левински на „Твитер“ побара од пејачката да ги отстрани стиховите кои ги смета за навредливи. Ова го напиша откако пејачката рече дека ќе ги отстрани и стиховите кои исто така се сметаат за навредливи за лицата со посебни потреби во нејзината нова песна Heated.

 

 

За потсетување, аферата меѓу Левински и Клинтон заврши на 19 декември 1998 година со импичмент на претседателот. Ова не е прв пат Левински да бара да се смени текст од песна кој го смета за навредлив. Претходно тоа го направи и за статија на Vanity Fair во 2014 година.

Share
Scroll to Top