Војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам со нивната ќерка Шарлот присуствуваа на Игрите на Комонвелтот во Бирмингем.
Претставниците на британското кралско семејство го проследија спортскиот настан од трибините на Sandwell Aquatics Centre.
За оваа пригода Кејт носеше бел костум од Александар Меквин, кој таа го носеше во Јамајка на кралската турнеја. Додека 7-годишната принцеза беше облечена во фустан со линии од Рејчел Рајли.