Според древна ирска легенда, островот Хју-Брасил е скриен длабоко во маглата и тој се појавува на секои седум години. Може да се види само во текот на еден ден, а потоа мистериозно исчезнува.
Мистериозниот остров на картите се наоѓал од 1325 до 1800 година. На повеќето карти тој е лоциран на речиси 300 километри од брегот на Ирска во Северен Атлантик.
Приказните за овој фантомски остров со векови кружеле во Европа. За него се зборувало како за ветената земја, земја во која живеат светски или, пак, рај во кој живеат напредни цивилизации.
Една од впечатливите географски карактеристики на островот е тоа што на картите тој изгледа како круг со канал за кој се претпоставува дека претставува река, која тече од исток кон запад.
На овој мистериозен остров му биле давани многу имиња, од типот Хју-Бразил, Хју-Бреазил, Хју Бресил и Бразир, а имињата потекнувале од „бреазил“, што значи висок крал на светот во келтската историја.
Островот на картата прв го забележал Анџелина Дулчерт од Џенова во 1325 година. Тој го крстил Брациле, а подоцна се појавува во Каталонскиот атлас во 1375 година како два одвоени острова со исто име, Лила де Брасил.
Во 1436 година островот се појавува на венецијанската карта на картографот Андреа Бијанко со името Сола де Брасил. На неа ѝ е присоединет еден од повеќето од групата острови во Атлантикот. Островот повторно се појавува во 1595 година на картата на Европа Ортелиус и картата Европа Меркатор, а повремено ги има променето локациите.
Во следните години Хју-Брасил се повлекол во анонимност. Обидите повторно да биде пронајден завршиле неуспешно. Картографите почнале да го изоставуваат од наутичките карти. Кога последен пат бил забележан на картата во 1865 година, едноставно бил забележан како Бразил-рок.
Последна документација за него била забележана во 1872 година. Мистериозниот остров бил забележан тогаш од Роберт Офлаерти и Т.ДЖ. Вестроп. Вестроп тврдел дека го посетил островот трипати. Бил толку воодушевен и вчудовиден што веднаш го довел и семејството да го види.
За мистериозниот остров е поврзана и приказната со инцидентот во Рендлешемската шума, каде што, наводно, покрај американската воена база во Британија, слетало непознато мистериозно летало за кое се верувало дека е НЛО. Наредникот Џим Пенистон тврдел дека го допрел леталото и телепатски примил 16 страници на бинарен код.
Утредента Пенистон го запишал кодот и го превел децении подоцна. Кодот наводно ги претставувал специфичните координати на мистериозниот остров, местото каде што бил забележан од картографите. Во пораката наведени се и координати на неколку други древни локации во светот, како што се пирамидите во Гиза и линијата Наска.
На самото дно на пораките координатите за Хју-Брасил повторно се напишани со почетната година од 8100. За разлика од Атлантида, за која се вели дека е најпознатата изгубена цивилизација, островот Хју-Брасил е веќе документиран и има повеќе сведоштва од очевидци, кои тврдат дека го забележале.
Легендата би можела да биде приказна што се пренесува од генерации на генерации од крајот на последната ледена доба кога нивото на морето било многу пониско. Островот е сместен на речиси 193 километри западно од Ирска, а тоа е плитко место, кое е изложено на исклучителна ниска плима. Тој се наоѓа на картите од 1830 година.
Највисоката точка е околу 200 метри под нивото на морето и тој е потопен поради некаков вид катастрофа или поради порастот на морето, велат научниците.