Актерот Роџер Е. Мозли, најпознат по улогата на пилотот Теодор ТЦ Калвин во серијата „Магнум“, почина на 83 години во неделата. Веста за неговата смрт ја потврдила неговата ќерка.
Мозли починал опкружен со семејството, откако бил повреден во сообраќајна несреќа минатата недела, во која останал парализиран и во критична состојба.
„Никогаш не би можеле да отплакаме толку неверојатен човек. Тој би мразел некој да плаче за него. Време е да го прославиме наследството што ни го остави на сите. Те сакам, тато. Ти ме сакаше и мене. Со тешко срце го велам ова, но јас сум силна. Ќе се грижам за мама, твојата љубов речиси 60 години. Ти ме воспита добро и таа е во добри раце. Почивај во мир“, порача ќерката на Мозли во прошталната порака на Фејсбук.
Мозли глумеше во повеќе од 150 епизоди на „Магнум“, со Том Селек. Играше и во „Сенфорд и син“, „Љубовен брод“, „Којак“, „Досиејата Рокфорд“ и десетици други ТВ серии.