Албански глумец со сопругата паднале од шести кат од зграда во Њујорк

Албански глумец со сопругата паднале од шести кат од зграда во Њујорк

пред 2 години

Албанскиот глумец Флоринд Белиу и неговата сопруга Орнела Шехи, се пронајдени мртви во дворот пред нивната зграда во квартот Бронкс во Њујорк. Тие биле најдени во саботата околу девет часот утрото. Ги пронашле нивните пријатели и соседи.

Од полицијата засега велат дека го истражуваат случајот. Околностите за смртта засега не се познати. Соседите велат дека ги слушнале двата сина од две и шест години како плачат. Локален извор за New York Post рече дека прво паднала Орнела, а по неколку секунди подоцна и Флоринд.

Во станот не се најдени никакви проштални пораки, а додека се чекаат резултатите од обдукцијата, полицијата истражува и бара било какви знаци на борба пред падот. Од таму велат дека сè истражуваат дали се работи за убиство.

Неколку соседи го опишале глумецот како бесен човек, кој се држел само за себе си, па на темел на тоа, еден од полициските извори рече дека можеби пател од ментално пореметување.

„Постојат знаци во станот кои покажуваат дека не било сè така во хармонија и дека не одлучиле така едноставно да ги остават своите деца и да скокнат“, рекоа од полицијата.

Соседите додадоа дека Флоринд баш тој ден славел роденден, а и двајцата ги опишале како повлечени луѓе. Со децата се преселиле во новиот стан пред четири месеци, а полицијата досега нема регистрирани ниту еден повик за семејно насилство.

Флоринд дипломирал на Универзитетот во Тирана, настапувал и на телевизија и во театар, пред да се пресели во САД. Во интервјуто кое го дал пред две години, открил дека работи на две книги и филмско сценарио кое посакувал да се прикажува на „Нетфликс“.

Share
Scroll to Top