По тешката битка со ракот, почина Волфган Петерсен, режисерот на „Подморница“ и „Троја“

По тешката битка со ракот, почина Волфган Петерсен, режисерот на „Подморница“ и „Троја“

пред 2 години

Познатиот германски режисер, Волфганг Петерсен, почина на 81 година. Неговата сопруга Мариа рече дека починал во петокот од рак на панкреасот. Последните моменти ги минал со семејството во неговиот дом во Лос Анџелес, рече неговиот асистент.

Петерсен беше познат режисер кој работеше со голем број холивудски ѕвезди. Меѓу нив беа Клинт Иствуд, Дастин Хофман, Харисон Форд, Џорџ Клуни, Бред Пит, Ерик Бана, Орландо Блум, Рене Руси и други.

Во 1982 година работеше на епската филмска приказна „Подморница“ кој во тоа време беше најскапиот германски филм на сите времиња.

Неговата должина беше скратена од оригиналните 210 на 149 минути и го прикажува клаустрофобичниот живот во германска подморница за време на Битката за Атлантикот во Втората светска војна. Во главните улоги беа Јирген Прохнов и Херберт Гронемејер.

„Подморница“ беше номиниран за шест оскари. Петерсен беше номиниран за Оскар за режија и адаптација на сценарио, а филмот беше номиниран за камера, монтажа, звук и монтажа и звук.

Голем хит на Петерсен беше и Тhe Endless Story, по што следеше научно-фантастичниот филм Enemy Mine. Неговите најзначајни дела од американскиот период спаѓаат во сосема други жанрови: детската фантазија „Бескрајна приказна“ и трилерот „Во линијата на огнот“ со Клинт Иствуд и Џон Малкович.

Успеси имаше и со „Надвор од контрола“ со Дастин Хофман, Air Force One со Харисон Форд, „Совршена Бура“ со Џорџ Клуни и „Троја“ со Бред Пит, Ерик Бана и Орландо Блум.

Share
Scroll to Top