Компанијата, која ги има правата на работата на Ј.Р.Р. Толкин, вклучително и франшизите Lord of the Rings и Hobbit, беше продадена на шведската гејминг компанија Embracer Group.
Embracer Group по ова сугерираше дека може да создаде спиноф филмови базирани на популарни ликови како Гандалф, Арагорн и Голум.
Договорот вклучува и соодветни права на друг литературен материјал и дела од екосистемот „Middle-earth“, авторизирани од Tolkien Estate и HarperCollins. Ова првенствено се однесува на The Silmarillion и The Unfinished Tales of Numenor and Middle-earth.
Во 2017 година, Амазон плати 250 милиони долари за правата за создавање на голем проект, кој се одвива пред Господар на прстените наречен Rings of Power, кој ќе дебитира на Prime Video сервисот на 2 септември.
Embracer е компанија која првенствено се занимава со креирање на игри за компјутери и конзоли, па новитети од овие франшизи се очекуваат и во областа на игрите.