Потребни состојки:
3 јајца
350 мл млеко
100 мл минерална вода
1 тиквичка со средна големина
50 гр истопен путер
250 гр остро брашно
сол, бибер
масло за пржење
пармезан за посипување
Начин на подготовка:
Излупете ги, измијте ги и изрендајте ги тиквичките. Посолете малку и оставете да отстои 20 минути за да се ослободи вода. Потоа исцедете ги. Во длабок сад изматете ги јајцата, посолете и додајте црн пипер. Можете да додадете и други зачини по желба. Потоа додадете брашно, млеко и минерална вода и направете смеса за палачинки. Смесата мора да биде малку погуста од онаа што обично ја правиме за палачинки. Ако е ретка, додадете малку брашно. На крајот во смесата додадете ги изренданите исцедени тиквички и измешајте. Испржете ги палачинките во тавче. Можете да ги сервирате наросени со пармезан, со сос од павлака или кој било друг сос по желба.