Победа на Реал во режија на Модриќ и Винисиус

Победа на Реал во режија на Модриќ и Винисиус

пред 2 години

Реал Мадрид триумфално го мина гостувањето на „Балаидос“ во Виго. Актуелниот шампион ја победи Селта со 4:1. Екипата од Виго нема победата над Реал во последните осум години. Победата на Реал ја режираа Модриќ и Винисиус.

Селта, против фаворизираниот противник, излезе со отворен гард, без намера да се брани и на крајот тоа го плати со четири гола во мрежата на Марчезин.

ВАР пеналот му овозможи на Бензема во 14.минута да го постигне првиот гол оваа сезона. На ист начин преку Јаго Аспас возврати Селта во 23.минута.

Реал на полувреме замина со предност, Модриќ постигна убав гол во 41.минута.

Победникот практично беше решен во 56.минута кога Модриќ му овозможи на Винисиус да постигне гол. Десет минути подоцна Бразилецот му асистираше на Валверде.

Реал во 86.минута не искористи пенал, ударот на Азар го одбрани Марчезин.

Share
Scroll to Top