Почина Невена Кочовска музичката дива на „Мањифико“ која боледуваше од Алцхајмер

Почина Невена Кочовска музичката дива на „Мањифико“ која боледуваше од Алцхајмер

пред 2 години

Денес во Скопје почина незаменливата пејачка Невена Кочовска, музичката дива од „Мањифико“.  Таа неколку години боледуваше од Алцхајмер, а јавноста дозна пред две, кога Невена исчезна од дома и ја немаше со часови.

Актерката Тања Кочовска преку социјалните мрежи тогаш бараше помош и сепак ја најдоа во Градскиот парк.

Тогаш со Тања  разговараме за ситуацијата со која тие се соочуваат.  Таа раскажа за „Репортер“  дека  Алцхајмеровата болест прогресирала и дека е многу е тешко кога дома, имате лице кое боледува од оваа болест.

„Во прашање се веќе неколку години. Но, болеста прогресира. И знаете како, велат дека Алцхајмер е болест на целото семејство, и навистина е тешко. Сите сме околу неа, и јас, и мојата сестра Лидија, сите“, раскажа тогаш Тања за „Репортер“ .

„Мањифико“ каде пееше Невена е формиран од Пантелеј Кочовски-Панче и Крсто Таушанов, тогаш ученици во Средното музичко училиште во Скопје, додека биле на младинска работна акција во Демир Капија, на јужната делница од автопатот Братство-единство, за да настапат на приредба.

Подоцна од бригадирите им се придружил Сергеј Поповски, гитарист, од музичкото училиште. Во 1960 година во музичкото училиште ја откриваат Невена Арсова и нејзиниот прекрасен глас. Таа година квартетот го добива името „Мањифико“ кој постоеше до 1990 година. Групата изведувала латиноамериканска музика

Во текот на 31-годишното постоење „Мањифико“ настапил во 37 земји на сите континенти, имал 3.700 концерти и 600 добротворни настапи, кои ги посетиле преку 7 милиони гледачи. И дискoграфската продукција на „Мањифико“ е импозантна: 28 мали грамофонски плочи, 5 албуми, 4 аудио касети, 1 видеокасета, 3 аудио компакт-дискови и 1 ДВД, речиси сите продадени во златен или сребрен тираж.

 

 

Share
Scroll to Top