(Галерија) Скромно издание на Скопје лајт фестивал поради штедењето струја

(Галерија) Скромно издание на Скопје лајт фестивал поради штедењето струја

пред 2 години

Изминатите два дена во Скопје се одржа Скопје лајт фестивал, настан преку кој уметниците со светлосни инсталации, перформанси и видеопрокеции, кои беа поставени на различни локации низ градот го промовираа својот труд.

Оваа година фестивалот за разлика од изминатите имаше само два дена, за како што рекоа организаторите да одговорат на предизвиците на енегретската криза, а да не се донесе во прашање одржувањето на фестивалот.

„Сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и имаат минимална потрошувачка, а граѓаните на Скопје ќе можат да уживаат во ова културно збиднување исто како сите граѓани на големите европски метрополи, кои и во овие моменти на енергетска криза ги одржуваат фестивалите во полн сјај“, рекоа организаторите.

На 5. издание на фестивалот учествуваа Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев, Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска-Гиразова, Елизабета Тошевска и Перо Кованцалиев и учениците од „Лазар Личеноски“. А имаше и специјално дизајнирана зона за дружење, а музика пуштаа диџеите Бранчез, Зоки Бејбе, Вишко, Сашо-Узун, Томи Бојаџи и Маци Стојановиќ.

Фото: Фејсбук Универзална сала

 

 

Share
Scroll to Top