По 186 години постоење се затвора најстарата зоолошка градина во светот

По 186 години постоење се затвора најстарата зоолошка градина во светот

пред 2 години

По 186 години постоење, зоолошката градина во Бристол е затворена за да се пресели на друга локација во 2024 година. Иако активистите за правата на животните посочуваат дека чувањето животни во заробеништво во зоолошките градини е мачење, затворањето на познатата зоолошка градина во Бристол растажи многу граѓани.

dobivaj vesti na viber

Десетици луѓе се собраа во саботата пред влезот на зоолошката градина во овој град на југозападот на Англија за да ги испратат последните посетители и да се простат оваа знаменитост во градот.

На влезната врата во градината е поставена плоча на која пишува „На 3 септември 2022 година, зоолошката градина во Бристол, најстарата провинциска зоолошка градина во светот, затворена по 186 години“.

Share
Scroll to Top