Навивач на Анкарагучу го нападна Тосун

Навивач на Анкарагучу го нападна Тосун

пред 2 години

Во натпреварот од петтото коло на турската Суперлига, во кој се сретнаа Анкарагучу и Бешикташ, навивач го нападна Ченк Тосун по поразот од неговиот тим од 3:2.

На крајот од натпреварот, на теренот влезе симпатизер на клубот од Анкара и го удри искусениот напаѓач на тимот од Истанбул. Следеше бркотница и масовна тепачка…

Црвени картони добија Марлон Касвиер од домашниот тим и Џозеф де Соуза Дијаз од Бешикташ.

Тосун летово се врати во турскиот клуб од Еветрон и на теренот ги мина последните десет минути.

Благодарение на победата во главниот град, Бешикташ се искачи на врвот на табелата во турскиот шампионат со два бода повеќе од Коњаспор и три повеќе од Фенербахче, Башакшехир, Газиантеп и Трабзон.

Полицијата соопшти дека хулиганот е приведен и дека се наоѓа во притвор.

Share
Scroll to Top