По повлекувањето два месеца од извршувањето на кралските должности, принцезата Шарлин од Монако, позната и како најтажната принцеза на светот, се појави во јавност. Друштво ѝ правеа сопругот, принцот Алберт, и двете деца и сите заедно беа на пикник.
Шарлин во последната година, поради болеста, често се повлекуваше од кралските должности и јавните настапи. Фановите кои беа загрижени за неа сега имаа можност да ја видат во ново издание. Шарлин беше облечена во бела комбинација.
Многумина ѝ го забележаа тажното лице поради што веќе некое време се шпекулира дека е несреќна со принцот Алберт и дека нивниот однос е нарушен.
Покрај неа, внимание привлекоа и нејзините две деца, близнаците принцот Жак и принцезата Габриела, кои исто така беа усогласени со облеката. Принцезата носеше син фустан со цвеќиња, а Жак имаше иста таква кошула.
Деновиве Шарлин се пофали и со новиот официјален инстаграм-профил.