Херел ќе им го чува грбот на Харден и Ембид

Херел ќе им го чува грбот на Харден и Ембид

пред 2 години

Американскиот центар Монрез Херел ќе потпише двегодишен договор со Филаделфија Севентисиксерс, тврди новинарот Адријан Војнаровски.

Херел треба да ја надополни ротацијата под кошот. Во кариерата тој имаше можност да работи со тренерот Док Риверс. Херел играше за ЛА Клиперс во сезоната 2019/2020 под водство на Риверс.

Таа сезона тој ја доби наградата за најдобар шести играч во НБА.

28.годишниот Херел претходната сезона ја почна во Вашингтон Визардс, а ја заврши во Шарлот Хорнетс.

Во лигата е од 2015 година, а пред да им се приклучи на Клиперс настапуваше и за Хјустон Рокетс.

Share
Scroll to Top