Наскоро во Србија ќе почне снимањето на серијата „Сите го сакаат Андрија“ со Андрија Милошевиќ, која ќе биде работена според еден од најуспешните американски ситкоми на сите времиња „Сите го сакаат Рејмонд“.
„Задоволство е да се работи со вака одличен текст и врвни колеги. Ова ќе биде наша верзија на серијата“, изјави Милошевиќ за српските медиуми.
Снимањето ќе трае четири месеци, а ќе се одвива во специјално направена куќа за серијата. Премиерата е планирана за 2023 година.
За сега не се открива кои ќе бидат останатите актери во серијата, но се знае дека ќе ја режираат Огњен Јанковиќ од хип-хоп групата „Београдски синдикат“ и Предраг Личина, автор на филмот „Последниот Србин во Хрватска“.
„Сите го сакаат Рејмонд“ имаше девет сезони од 1996 до 2005 година и освои 15 Еми награди.