Пласидо Доминго со уште 19 лица заведувале жени за секс

Пласидо Доминго со уште 19 лица заведувале жени за секс

пред 2 години

Славниот тенор Пласидо Доминго го следат скандали откако  беше обвинет за трговија со луѓе. Аргентинскиот судија Ариел Лијо минатата недела обвини 19 лица за користење наводна јога-школа во Буенос Аирес како фронт за трговија со луѓе, принудувајќи ги жените да имаат секс со богати мажи за големи пари, со цел перење пари. Школата за јога во Буенос Аирес, која работи во главниот град на Аргентина повеќе од 30 години под раководство на 84-годишниот Хуан Перковиц, не нуди часови по јога. 

Истрагата за синџирот на трговија со луѓе откри дека Пласидо Доминго бил во контакт со водачите на таа криминална организација повеќе од 20 години. Според странските медиуми, постои снимка која ја докажува поврзаноста на оперската ѕвезда со трговијата со луѓе.

Извештаите велат дека гласот на маж кој оди на состанок со жена по име Менди, преку криминален синдикат, е на Доминго. Во снимките, кои се добиени со прислушување, Менди го нарекува човекот со кој разговара како „Пласидо“. Судијата Ариел Лијо одлучи четиринаесет од 19-те лица обвинети за трговија со луѓе за секс и пари да бидат задржани во притвор, додека нивниот имот е замрзнат. Обвинителството побара обвинение против 20 лица. Во исто време продолжува потрагата по шестмина осомничени, за кои се верува дека се наоѓаат во САД, каде што училиштето имало канцеларии во Њујорк, Лас Вегас и Чикаго. Судијата Лијо тврди дека школата за јога со измама ги намамила ранливите групи во својата мрежа, а целта биле малолетници или луѓе со сериозни здравствени проблеми, вклучително и зависности. Потенцијалните жртви биле намамени со ветувања на третман и поддршка, но подоцна биле сексуално злоупотребувани во корист на лидерите на организацијата. Членките на групата често биле принудувани на секс со богати и моќни мажи.

Ова не е прв секс-скандал со Доминго. Некогаш еден од најпочитуваните тенори во светот, заедно со покојниот Лучијано Павароти и Хозе Карерас, поднесе оставка како генерален директор на операта во Лос Анџелес во 2019 година, откако неколку жени се појавија со обвинувања за сексуална злоупотреба. Во март 2020 година Националната опера на Вашингтон се огради од пејачот роден во Шпанија, кој беше уметнички директор и генерален директор од 1996 до 2011 година. Сепак, тој продолжи да настапува надвор од САД, а во април во Буенос Аирес учествуваше во собирање донации за жртвите од руската инвазија на Украина.

Share
Scroll to Top