Иако голем број од ѕвездите се успешни во тоа што го работат, за нив се врзуваат и некои бизарни навики од кои не можат да се одвикнат. Посебни ритуали или, како што пренесоа некои од светските медиуми, чудни опсесии имаат Меган Фокс, Дејвид Бекам, Џенифер Анистон и други.
Некои без проблеми зборуваат за нив. Актерката Меган Фокс кога ќе влезе во ресторан почнува да се тресе од страв, но само додека не ѝ го донесат приборот за јадење.
Таа признава дека страда од опсесивно-компулзивно нарушување и дека не може да замисли да користи виљушка или лажица кои пред неа ги користеле милиони други.
Тери Хачер, ѕвездата од „Домаќинки“, често се опушта со купка од црвено вино. Како што вели, тоа е рецепт за нејзиниот младешки изглед.
Актерката од „Пријатели“ Џенифер Анистон е суеверна. Има страв од летање и секогаш влегува во авион со десната нога, а мора и да ја помазни внатрешноста. Наводно тоа ѝ носело среќа.
Американските медиуми пишуваат и за чудните навики на пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам. Во животот сè мора да му биде по ред или во парови. Ако стави лименки пиво во фрижидер нивниот број мора да биде парен, чорапите секогаш да бидат исти и слично.
Актерката Камерон Дијаз наводно боледува од опсесивно-компулзивно нарушување, а се чини дека од истото страдаат и голем број славни ѕвезди. Како што пренесоа медиумите, кај неа дома најмногу ги чисти рачките од вратите, па на крајот целосно ја отстранила бојата од нив.
Инаку, вратата ја отвора со лактите да не ја допира со раце оти ѝ е одвратно. Пејачката Џесика Симпсон никогаш не била пушач, но успеала да стане зависна од џвакање никотински гуми кои ги џвакаат пушачи кои се обидуваат да се одвикнат од пушење.
Кога за првпат пробала да џвака, пејачката рече дека се заразила. Еднаш призна дека и ги мие забите три пати дневно. Чудни навики има и актерот Бред Пит. Најубавиот маж на светот не користи сапун за раце затоа што во него има голем број токсини, а актерката Кетрин Зета Џонс ги четка забите со јагоди.
Актерката Памела Андерсон никогаш не се гледа во огледало оти се плаши од својот одраз. Неодамнешните фотографии на Том Круз, на кои изгледа мускулесто и затегнато ги поттикнаа шпекулациите дека посетил естетски хирург.
Американските медиуми објавија дека Круз наводно користел природен ботокс, измет од славеј и го ставал на лицето преку ноќ. Тоа му го подмладило лицето и му дало природен изглед.