Вини Харлоу манекенката со витилиго ги промени стандардите за убавина

Вини Харлоу манекенката со витилиго ги промени стандардите за убавина

пред 2 години

Манекенката Вини Харлоу ја промени перспективата за убавина. Патот до успехот Вини од самиот почеток не бил како во бајка. Нејзиното вистинско име е Шантел Броу-Јанг и по потекло е од Големото Торонто. Кога имала само четири години и било дијагностицирано витилиго, а болеста само напредувала и се ширела. Почнувајќи од раното детство, таа морала да живее со чувството дека е поинаква.

„Додека растев, никогаш не видов некој како мене на телевизија, на билборди или на модни писти. Се чувствував како да сум единствената личност на светот ваква“, вели Вини.

Нејзините врсници не ја прифатиле поради нејзината состојба, а во едно интервју таа признала дека е доста болно.

„Мислам дека состојбата на мојата кожа не влијаеше на мојата самодоверба толку многу како на луѓето околу мене“, вели Вини.

Витилигото се изразува со бели дамки на кожата. Понекогаш дамките се распоредени симетрично. На пример, може да се случи да имате речиси еднакви дамки на левиот и на десниот показалец. Распространоста низ светот е околу 1% од вкупната популација.

Кариерата на Вини започнала неочекувано. Како и повеќето талентирани луѓе, потенцијалот за моделирање на Вини бил откриен случајно. Нејзина кума која била новинарката во Торонто Шенон Будрам, снимила видео на Јутјуб за неа. Видеото брзо собрало повеќе од 150.000 прегледи.

Шенон ја охрабрила Вини, која во тоа време имала само 16 години, сериозно да размисли за кариера како модел.

„Ми се јави и ми рече дека треба да продолжам да се занимавам со манекенство, дека камерата ме сака и дека сум природна“, се сеќава Вини.

Големиот успех се случил во 2014 година, на нејзини 19 годишни, кога учествувала во програмата „America’s Next Top Model“, а водителка била Тајра Бенкс. Иако не победила, била помеѓу последните кругови.

Манекенството и помогнало да зборува и да ги инспирира другите. Вини стана заштитно лице на познат моден бренд, а често се појавува на телевизија и отворено зборува за стандардите за убавина. Таа има добиено многу награди во различни сфери и продолжува да ја тресе модната индустрија со своите смели мислења. Вини стана личност која ги менува светските стандарди за убавина.

„Верувам дека убавината е во окото на оној што гледа“, вели жената која се обидува да ја направи модата поинспиративна. Секогаш велам дека треба да се фокусираме на нашето мислење за себе, а не на мислењата на другите“, заклучува Вини.

Share
Scroll to Top