Карим Бензема сигурно нема да биде подготвен за дербито со Атлетико Мадрид претстојниот викенд, откриваат шпанските медиуми. Французинот се повреди минатата недела на гостувањето кај Селтик во Лигата на шампионите, Карло Анчелоти се надеваше дека ќе биде подготвен за Атлетико, но лекарскиот тим му предложи да одмори до крајот на репрезентативната пауза.
Бензема на тој начин ќе ја има оваа и следните две недели да се подготви за продолжението на сезоната и згуснатиот распоред во октомври кога Реал ќе одигра дури девет натпревари.
„Кралевите“ ја победија Мајорка, а сега и Лајпциг без Бензема, па Карло Анчелоти има играчи кои можат да го надополнат отсуството на Французинот, како Родриго и Винисиус Жуниор.
Дербито на Мадрид меѓу Атлетико и Реал е закажано за в недела од 21 часот.