Принцезата од Велс ја искористи почитта на покојната кралица Елизабета за да се потсети на уште еден починат член на кралското семејство, принцезата Дaјана.
40-годишната Кејт ги носеше бисерните обетки кои Дaјана ги доби непосредно пред нејзината венчавка со принцот Чарлс во 1981 година, а ги изработи златарот Колингвуд.
Тоа беше едно од омилените парчиња накит на Дaјана, а го носеше на кралските турнеи низ Австралија, Канада и Италија. Таа всушност почнала да ги носи пред да стане принцеза од Велс, како подарок од златарница која била омилена на семејството Спенсер. Тие можеа да се видат на нејзината турнеја низ САД во 1985 година, каде што ги носеше со бел фустан од тантела и тијара на гала вечера во британската амбасада.
Таа ги носеше и со тесен црн фустан додека присуствуваше на забавата на Vanity Fair во галеријата Serpentine во ноември 1994 година во Лондон. Дaјана го облече тој фустан на денот кога принцот Чарлс јавно призна дека ја изневерил и дека има врска со Камила Паркер Боулс.
Кејт сега реши да ги носи на еден од најважните, но и најтажните моменти, а ја красат и во официјалниот портрет објавен по повод нејзиниот 40. роденден на почетокот на годинава. Collingwood Jewelers ѝ позајмила накит на Дајана за време на свршувачката, вклучително и прекрасен дијамантски ѓердан и соодветни обетки, кои таа ги носеше на сесијата за портрет со лордот Сноудон. Наводно сакале да ѝ подарат ѓердан и обетки како свадбен подарок, но од палатата ги предупредиле дека подарокот ќе биде премногу екстравагантен, па наместо тоа добила обетки од дијаманти и бисер.