Познатата манекенка Адриана Лима објави фотографија од нејзиниот син и напиша „Ти го допре моето срце. Те сака мама Цијан“.
Поранешната сопруга на кошаркарот, Марко Јариќ се породи по трет пат. Адријана Лима доби син со филмскиот продуцент Андре Лемарс, а со бракот со кошаркарот има две ќерки Сиена (9) и Валентина (12).
„Цијан е бојата помеѓу зеленото и синото на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, место нашата семејна листа. Цијан сега е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојдовте во нашиот свет, Цијан Лима Лемарс“, напиша Лима.