Лече со прва победа во новата сезона, се враќаат со три поени од Салерно

Лече со прва победа во новата сезона, се враќаат со три поени од Салерно

пред 2 години

Новиот прволигаш, Лече, конечно, во седмото коло стигна до својата прва победа, изненадувајќи ги Салернитана на гости со 1:2 во „јужното“ италијанско дерби.

Асан Кисај во 43. минута од мечот ги донесе гостите во водство, за првпат по 582 минути оваа сезона, Лече да се најде во предност во еден натпревар од Серија А. Салернитана се надеваше на камбек кога во 55. минута, Гонзалез си постигна автогол за израмнување, но трите поени за гостите ги осигура замената Габриел Стефеца во 83. минута од мечот.

Лече сега се на 14. место на табелата со 7 поени, додека Салернитана со поен повеќе е на 10. место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top