Атентатот на претседателот на Венецуела Никоалс Мадур на 5 август оваа година, е потсетник на тоа колку е тешко и опасно да се биде лидер на нацијата. Мадуро, за среќа успеа да го избегне најлошото и со тоа се врати на листата на светските лидери кои преживеале атентат.
Адолф Хитлер, лидер на нацистичка Германија
Хитлер се обиделе да го убијат повеќе од 50 пати, а еден од познатите атентати е извршен на 20 јули 1944 во неговиот штаб за источен фронт, кој се наоѓал во Полска. Атентаторот бил полковник Клаус фон Стофенберг, кој во својата торба носел бомба и ја поставил недалеку од Хитлер.
Бомбата експлодирала во 12:43 часот. Хитлер поминал само со полесни повреди, додека четворицата негови соработници загинале. Стофенберг набрзо потоа бил застрелан.
Мохамад Реза Пахлави
Последниот ирански Шах, Мохамад Реза Пахлави два пати преживеал обид за убиство. Оваа фотографија е направена во болница во 1949 година, кога во него пукал војник кој бил припадник на шиитската фундамелистичка група Федијан е ислам. Шиитите имале голема улога во симнувањето од власт на Пахлави.Џералд Форд, претседателот на САД
Џералд Форд, 38 претседател на САД, преживеал два атентати за само еден месец. Првиот се случил на 3 септември 1975 година, во Сакраменто, во обидот да го убие Линет Фром на 5 септември 1975 година.
Само седум дена подоцна, на 22 септември истата година во Сан Франциско и Сара Џејн Мур. Двете жени припаѓале во сектата на злогласниот Чарлс Менсон.
Роналд Реган, претседател на САД
Четириесетиот претседател на САД Роналд Реган на 30 март 1980 година, се обидел да го убие Џон Хинкли јуниор. Хинкли пукал на Реган пред хотелот „Хилтон“ во Вашингтон.
Еден од куршумите се одбил од претседателската лимузина и го погодил Реган во градите, многу блиску до срцето, а пред судот подоцна изјавил дека така сакал да ја импресионира актерката Џоди Фостер, по која бил опседнат. Прогласен е за виновен, но поради непресметливост бил испратен во психијатриска болница. Од неа е отпуштен во 2016 година.
Хусеин, кралот на Јордан
На некогашниот крал на Јордан, Хусеин бин Талал, извршени биле 12 атентати. Имал само 15 години кога бил убиен неговиот дедо, тогашниот крал Абдулах. Младиот приц се спасил поради тоа што куршумот се одбил од медалот на неговата униформа, која го добил од дедото. Во период на големи конфликти во арапскиот свет, во 50-те и 60-те години од минатиот век, неколку атентати врз него биле извршени во Обединетата Арапска Република (UAR), сојузот кој го склопиле Саудиска Арабија, Египет и Сирија.
Елизабета II, британската кралица
Британската полиција до неодамна криела тинејџер кој се обидел да ја убие кралицата Елизабета II, за време на нејзината посета во Нов Зеланд во 1981 година. За време на кралската парада во градот Данидин, 17 годишниот Кристофер Џон Луис, се сокрил во кабината на тоалетот и пукал на кралицата во моментот кога излегла од својот „ролс ројс“. Куршумот минал покрај главата. Напаѓачот е уапсен, но не е официјално обвинет. Целиот случај бил заташкан.
Маргарет Тачер, премиерката на Велика Британија
Бомбашкиот напад на хотелот Брајтон Гранд Хотел на 12 октомври 1984 година, имал за цел да ја убие британската премиерка Маргарет Тачер. Нападот го извршиле припадници на Ирската републиканска армија (IRA). Челичната леди преживеала со многу среќа. Пет лица загиале. Тачер не се уплашила, туку следниот ден одржала говор, како што било предвидено, а својата политика не ја променила ни за милиметар.
Јосип Броз Тито, претседателот на СФРЈ
Се проценува дека некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, преживеал повеќе од 50 атентати. Многумина се обиделе да го ликвидираат, Американци, Совети, удбаши, но најпознатиот атентат бил оној на Никола Кавај, член на четничката организација и соработник на ЦИА.
Никола Кавај
Тој на 20 јуни 1979 година, го извршил првото киднапирање на авион во историјата, а имал за цел да го ликвидира Тито. Кавај пред крајот на својот живот, раскажал за неколкуте обиди да го убие Маршалот и дека работел како платен убиец на ЦИА.
Фидел Кастро, лидер на кубанската револуција
Кастро влегол во Гинесовата книга на рекорди затоа што до 2006 година, кога поради болест предвреме го предал управувањето на земјата, на својот брат Раул. Се обиделе да го убијат дури 638 пати. Речиси сите убиства биле нарачани од ЦИА. Методите кои ги користеле биле различни. Сите обиди пропаднале. Имало ангажирани снајперисти, се користеле експлозиви во неговите чевли, отрови вбризгнани во цигарите, па се до мали бомби во безбол топките.
Владимир Путин, претседателот на Русија
Не се знае колку атентати биле извршени врз претседателот на Русија. Познато е на пример дека непосредно пред неговиот трет избор за претседател во 2012 година, полицијата во Украина привела две лица за кои се сомневала дека го подготвувале атентатот за него. Американскиот режисер Оливер Стоун ги споменал во својот прочуен документаарец „Интервју со Путин“ 50 случаи за обид за убиство на Владимир Путин.