Ликовната уметница Анжелика Колева ќе ја отвори изложбата „Фрагменти од едно постоење“ во Концепт 37. Ова е шеста самостојна изложба на Колева, која пред публиката ќе претстави 30 нови дела насликани на платно и стари грамофонски плочи.
„Оваа изложба ја поттикна патешествието од година и пол лечење што го поминав откако се оперирав од рак на дојката. Иако во моите дела инспирација е жената, овој пат се водев од самата себе и тоа што го чувствував јас,“ вели Анжелика.
Изложбата „Фрагменти од едно постоење“ се отвора на 20 септември во 20 часот, а ќе трае до 25 септември.