По две години пауза се врати Октоберфест во Минхен

По две години пауза се врати Октоберфест во Минхен

пред 2 години

Фестивалот на пивото кој традиционално се одржува во Минхен – Германија, Октоберфест се отвори за посетители првпат од 2019 година по двегодишна пауза поради пандемијата.

dobivaj vesti na viber

Околу 700.000 луѓе измиантиот викенд го посетија фестивалот и покрај студеното и врнежливо време.

Еднолитарска кригла пиво сега чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, што е покачување од 15% во споредба со последното издание на фестивалот.

Точно 487 пиварници, угостители и продавачи на вино ги служат своите производи на фестивалот, кој работи од девет до 22:30 часот, а последните нарачки се примаат во 21:30 часот.

Првиот Октоберфест се одржал во 1810 година во чест на венчавката на баварскиот принц Лудвиг и принцезата Тереза. Во годините пред пандемијата, годишно го посетувале околу шест милиони луѓе.

Share
Scroll to Top