Марко Пејчиновски доби стипендија од државата од 200.000 денари

Марко Пејчиновски доби стипендија од државата од 200.000 денари

пред 2 години

Марко Пејчиновски денеска доби стипендија од државата во износ од 200.000 денари.  Стипендијата му ја врачи премиерот Димитар Ковачевски кој му честиташе за сите досегашни спортски успеси. Средствата беа обезбедени од Националната федерација „Спорт за сите“.

dobivaj vesti na viber

За потсетување, Пејчиновски летово исплива дури 64 километри во Охридското езеро. За „Репортер“ ни рече дека од старт знаел дека на целта ќе излезе со кренати раце и насмевка.

„Мислев дека ќе е дојдена само фамилијата да ме пречека. Се изненадив колку многу луѓе имаше. Веднаш дојдоа да се сликаат, да се гушнеме и не можам да лажам, ми беше убаво. Бев изморен и не можев да им обрнам внимание колку што сакав“, ни рече Марко.

Тој и пред три години проба да ги преплива овие 64 километри, но тогаш се откажа поради болки во ногата. Вниманието на јавноста првпат го привлече кога на 12 години пливаше од Св. Наум до Охрид на соло маратон. Пливаше со некроза на ногата, ретка болест поради која некогаш му е тешко да се движи и често трпи големи болки. Ни кажа дека плива само со рацете. Нозете не ги користи, па затоа и не се натпреварува на маратони.

Share
Scroll to Top