(Видео) Целиот град се собра за да ја одбележи Ноќ на вештерките порано за момче болно од рак ѝ кое има уште неколку недели живот

(Видео) Целиот град се собра за да ја одбележи Ноќ на вештерките порано за момче болно од рак ѝ кое има уште неколку недели живот

пред 4 години

Американскиот празник „Халовин“ оваа година дојде порано за петгодишниот Александрос Хурдаксис од Онтарио, Канада. Александрос е болен од рак ѝ му остануваат уште неколку недели живот, па целиот град се солидализираше и се собра за да го прослави заедно со него.

dobivaj vesti na viber

Лекарите му дијагностицирале рак на мозокот уште на 11 месечна возраст. Одтогаш води битка за животот. Од пред неколку недели лекарите на родителите Ник и Кира им кажале дека експерименталното лекување повеќе не помага и дека му остануваат уште неколку недели живот.

Неговата последна желба била да види чудовишта и да посети куќа со духови. Затоа што не смеел да патува, Ник и Кира решиле да ги донесат чудовиштата кај него дома. Нивна пријателка објавија на „Фејсбук“ молба до сите кои сакаат да се приклучат на акцијата да го развеселат малиот Алекс.

„Кога видов како луѓето реагираат на објавата почнав да плачам. За само три недели пред куќата се појавија огромен број маскирани луѓе. Улицата беше затворена за да може да се одржи и парадата со чудовишта, духови, вештерки и зомби“, рече таа.

Додека поминувале низ улицата, Алекс им мавтал и ги поздравувал сите.

„Се собраа толку многу и му ја направија вечерта неверојатна. Алекс ги поздрави сите. Знаеше дека се дојдени само за него. Можевме да ја видиме љубовта и радоста во неговите очи. Не очекувавме дека ќе дојдат толку многу. Беше посебно и беше прекрасно да се гледа“, рече Ник.

Share
Scroll to Top