Тамара во Истанбул ја освои наградата за најдобра пејачка од Македонија

Тамара во Истанбул ја освои наградата за најдобра пејачка од Македонија

пред 2 години

Тамара Тодевска во Истанбул освои награда за најдобра пејачка од Македонија на наградите што ги доделува Балканската федерација во Турција, Best of Rumeli 2022.

dobivaj vesti na viber

Таа на церемонијата ја испеа евровизиската песна Proud. Носеше црн фустан со пердуви, дизајн на Марков, а друштво ѝ правеше нејзината мајка Брана.

„Уште една награда на која сум особено горда и среќна. Благодарам Best of Rumeli 2022. Секое признание ми е важно, затоа што е потврда дека имаме квалитетна музика која е препознаена и вреднувана и надвор од Македонија“, напиша таа на Инстаграм, па доби честитки од фановите, но и од Каролина Гочева, Елена Ристеска, Роберт Билбилов и сестра ѝ Тијана.

Тамара деновиве е во Истанбул со мајка си. Тие викендот го поминаа во прошетка низ градот и посетија некои од најпознатите туристички дестинации, а пејачката објави неколку слики и видеа од тоа како си поминуваат.

Share
Scroll to Top