Навивачи бараат фудбалер да биде исфрлен од лигата, им давал многу голови

Навивачи бараат фудбалер да биде исфрлен од лигата, им давал многу голови

пред 2 години

Англиски навивачи покренаа петиција и бараат да биде исфрлен Ерлинг Халанд од Премиер лигата. Норвежанецот ги налути некои од фановите, кои бараат да му биде забрането да игра за Манчестер Сити, затоа што на противниците им давал многу голови.

dobivaj vesti na viber

Досега се собрани повеќе од 400.000 потписи, а бројката продолжи да расте. Најголем дел од навивачите се на Манчестер Јунајтед. Сити неодамна го победи тимот во кој игра Роналдо со 6:3. Халанд на овој меч даде три гола. Досега во сите натпреварувања има дадено 19 голови.

14 во Премиер лигата и пет во Лига шампиони. Со одличната игра ги освои симпатиите во целиот свет. Против Копенхаген даде два гола, па Гвардиола го замени на полувремето за да го одмори за следните натпревари.

„Никогаш немам видено нешто слично во животот. Секогаш е таму каде што треба. Голманот ми рече дека не е човечко суштество. Се надевам дека ќе остане во оваа форма“, рече Грилиш, по мечот со данскиот тим. Некои од фановите коментираат дека можеби станува збор за робот.

 

Share
Scroll to Top