Според кладилниците, Украина повторно е фаворит и за наредната Евровизија

Според кладилниците, Украина повторно е фаворит и за наредната Евровизија

пред 2 години

И покрај тоа што сè уште не се знае ниту една од песните кои ќе се изведуваат на Евросонг 2023 година, најголеми шанси за победа, кладилниците им даваат на Украина.

На следниот Евросонг, Украина има 22% шанси да победи. По неа следи Италија со 8%, потоа Велика Британија со 7% шанса за победа.

Апсолутни фаворити на минатата Евровизија беше украинскиот бенд Калуш оркестар. Настапија со песната „Стефанија“. Темата на 66 издание на Евросонг во Торино во Италија беше мирот, а слоганот на натпреварувањето беше „Звукот на убавината“.

„Стефанија“ е спој на традиционалното пеење и инструментите со модерен рап. Посветена на мајката на фронтменот Олех Псиук. Членовите на бендот претходно изјавија дека нивната песна станала и украинска химна. По Украина, најмногу бодови доби Велика Британија, односно нивниот претставник Сем Рајдер.

Тој настапи со песната Space Man. Евросонг 2023 година ќе се одржи во Ливерпук, еден од 20 градови кои беа кандидати за домаќинот. Иако натпреварувањето требаше да се одржи во земјата победник и покрај негодувањето на украинскиот претседател Зеленски, Европската радиодифузна унија, која е организатор, заклучи дека земјата не може да даде заштита за илјадниците поединци вклучени во продукцијата и уште илјадници обожаватели.

Украина се согласи Велика Британија да биде домаќин, но настанот мора да биде со украински обележја. Велика Британија досега осум пати била домаќин на Евровизија, од кои четири пати натпреварувањето беше одржано во Лондон.

Share
Scroll to Top