Претседателот Стево Пендаровски одликуваше со Медал за заслуги 13 легендарни музичари од областа на македонската народна музика.
Во пресрет на 11 Октомври, на свечената церемонија во Филхармонија со медал за заслуги ги одликуваше Анка Гиева и Виолета Томовска. Постхумно пак беа одликувани : Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски,Васка Илиева,Вања Лазарова,Кирил Манчевски,Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски.
“Им благодарам на овие истакнати дејци за негувањето, популаризацијата и зачувувањето на македонската, народна и изворна песна, како и за промоција и афирмација на македонското музичко творештво и култура во интернационални рамки“, рече Пендаровски на церемонијата.