Леталото ДАРТ, кое американската вселенска агенција НАСА намерно го урна во астероид минатиот месец, успеа да го исфрли астероидот од својата природна орбита, објави денеска шефот на агенцијата, поранешниот американски астронаут Бил Нелсон.
This just in: The #DARTmission impact is confirmed to have changed the orbit of moonlet Dimorphos around its asteroid Didymos.
For the first time ever, humans changed the motion of a celestial object. More details: https://t.co/aQj8N7fnuV pic.twitter.com/NLR6AqEcaO
— NASA (@NASA) October 11, 2022
Наодите од телескопските набљудувања презентирани на прес-конференцијата, организирана од НАСА, покажаа дека мисијата на судирот на леталото со астероидот на 26 септември ја постигнала својата примарна цел – да го промени правецот на движење на астероидот.
НАСА ја изврши оваа мисија како дел од тестот за излетување на астероид од шините и е прв обид од ваков вид да ја спаси Земјата од можно уништување при судир со други небесно тела,пренесе Танјуг.