Вртени стапчиња со пилешко и кашкавал

Вртени стапчиња со пилешко и кашкавал

пред 2 години

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

900 гр готово тесто за пица
300 гр рендано печено пилешко
125 мл сос за пица
85 гр рендан кашкавал
75 гр путер
1 лажичка суво оригано
сол и бибер по желба
маслиново масло за премачкување
брашно за расукање на тестото

Начин на подготовка:

Тестото за пица поделете го на два еднакви дела и развлечете го на набрашнета површина во правоаголници со иста големина. Премачкајте го тестото со малку маслиново масло. Направете го филот: растопете го путерот и измешајте го со сосот за пица. Додадете го ренданото печено пилешко и ренданиот кашкавал, па додадете сол и бибер по желба. Над едното парче тесто премачкајте го филот, па покријте го со второто расукано парче тесто за пица. Притиснете лесно и спојте ги сите рабови на тестото. На вака подготвената покриена пица намачкајте уште малку маслиново масло и одозгора посипете оригано. Исечете го тестото на околу 10 тенки ленти со остар нож. Завртете ја секоја лента и ставете ја на подмачкан плех. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути или додека вртените стапчиња да добијат златно-кафеава боја.

Share
Scroll to Top