Музичарот и диџеј Мирко Попов денес полни 50 години. Роденденот ќе го прослави во „Станица 26“, каде што ќе пушта музика, па вели: „Сите да се нацртате на журка“. Освен роденден, тој ќе слави и 30 години кариера како диџеј.
„Мирко Попов, каков- таков, полни 50 години. 50 е силен, округол број и вреди да се прослави поштено. Така да журка на годината. Подароци не носете, подарок ми е вашето присуство“, стои во најавата за забавата.
Освен Попов, музика на забавата ќе пуштаат и диџеите на „Пиемџи рекордингс“.