Актерот Расел Кроу се појави на црвениот тепих со новата девојка Бритни Териот. Тие заедно присуствуваа на премиерата на најновиот филм на актерот „Покер лице“ во Рим. Двојката беше неколку недели во Рим оти Кроу работи на новиот филм „Егзорцистот на папата“.
Иако наводно биле заедно две години, парот се криел од камерите и избегнувал јавни настапи, а првпат биле видени во ноември 2020 година. Кроу беше во брак со Даниел Спенсер.
58-годишниот актер и неговата 27 години помлада девојка им позираа на фотографите. Додека Кроу избра полежерна комбинација од црн костум и црна маица, неговата партнерка носеше фустан во А линија со принт и црни лакирани штикли.
Кроу претходно беше во брак со Даниела Спенсер, со која има два сина, Чарлс и Тенисон. Тој и Спенсер, исто така актерка, се венчаа во 2003 година, но се разделија во 2012 година. Среде нивниот развод, Кроу продаде 227 од неговите лични предмети на аукција во 2018 година.