Тен Хаг и Јунајтед се упорни – 80 милиони евра за Де Јонг во јануари?

Тен Хаг и Јунајтед се упорни – 80 милиони евра за Де Јонг во јануари?

пред 2 години

Ерик Тен Хаг ги убедил Манчестер јунајтед да направат нов обид да го добијат неговиот омилен играч Френки де Јонг веќе во јануари и покрај неуспешната сага која заврши така што Холанѓанецот остана во Барселона.

Де Јонг не сакаше да замине од „Ноу Камп“ и неодамна призна дека имал притисок од претседателот на клубот, Жоан Лапорта да си замине и покрај несогласувањата околу неисплтените плати и висината на неговата годишна плата. Тен Хаг смета дека „ѓаволите“ имаат клучен недостаток на квалитет во средниот ред, кој би се решил со пристигнувањето на неговиот холандски сонародник, и Јунајтед се подготвени да му ја исполнат желбата веќе во јануари со понуда од 80 милиони евра.

Касемиро и Кристијан Ериксен беа две засилувања на средниот ред на Јунајтед, но според Тен Хаг, Де Јонг е поинаков тип на играч, кој би донел креативност во средниот ред и околу кого би можел да се гради тим за титули.

Share
Scroll to Top